НАЈНОВИ СВЕТСКИ ТРЕНДОВИ ВО ХИГИЕНАТА


   Како најнова информација за нашата компанија, би сакале да ја издвоиме нашата соработка со светскиот лидер во хигиената Diversey Inc. преку овластениот дистрибутер Примаква од Скопје. Ова подразбира комплетна и целосна соработка во процесот за имплементирање на најновите светски трендови во хигиената со употреба на: професионални и докажани производи, професионални системи за дозирање на хемиските средства, професионален алат и додатоци, обновен машински парк, како и за заштита на природната и работната средина за нашите вработени и нашите ценети клиенти. За реализација на овој процес потребна е повеќемесечна работа и имплементација со експерти од нашата земја, како и експерти надвор од нашата земја. Нашиот персонал се обучува во следниве сегменти на професионалната хигиена: Нега на теписи и подови, Генерална хигиена и дезинфекција, Неутрализација на мириси, Машини за нега на подови, Лична хигиена итн.... Како завршен чекор за финално доусовршување на нашите Оперативни Раководители-Менаџери е предвидена и специјализирана обука во Тренинг Центарот на Диверсеѕ Инц. во Мунхвилен, Швајцарија. Предизвик и мотив повеќе за нашата компанија е да успешно ги имплементира овие промени во своето секојдневно работење и уште еднаш да ја докаже и покаже на дело својата професионална долгогодишна определба за задоволување односно грижа кон своите ценети клиенти.